Само неколку недели откако УФЦ и официјално доби дозвола да одржува настани во Њујорк, од организацијата се надеваат да преминат на следната фаза од развојот на спортот.
Сопственикот на УФЦ, Лоренцо Ферита, за BBC.com изјави какви се неговите планови за развој на слободните борби во светот:
„Олимписките игри се уникатен бизнис. Секогаш привлекуваат илјадници млади луѓе пред телевизорите. За тоа, нашата следна цел, на УФЦ, е да добиеме дозвола слободните борби да бидат дел од Олимпијадата.
Младите луѓе сакаат да не гледаат, затоа ќе се потрудиме да се случи тоа“.