Откако официјално беше потврдено дека Брок Леснар и Џон Џонс се позитивни на допинг тестот, фановите очекуваа најстрогите казни за двајцата – да бидат суспендирани на подолго време од организацијата и да им бидат изречени финансиски санкции.
Марк Хант кој се бореше со Леснар за време на УФЦ 200, изјави дека треба да добие половина од хонорарот на Леснар кој изнесува 2,5 милиони долари, бидејќи се борел против допингуван борец.
Сепак, во сабота наутро, од УФЦ најавија дека засега ниту еден од двајцата борци нема да биде казнет, додека не излезе официјалната одлука на Комисијата.
Претходно во текот на неделата се дозна дека Леснар нема намера да плати каква и да му наметнат казна, бидејќи нема намера повторно да се бори во октагонот.