Американската ММА организација УФЦ ја разјасни казната што ќе му биде изречена на шампионот во лесна категорија Чарлс Оливеира за неуспехот на мерењето пред одбраната на појасот против Џастин Гејџи.
Борбата е голем настан на УФЦ 274, а галата ќе се одржи оваа недела, 8-ми мај.
Бразилецот и понатаму е шампион, но ќе го ослободи појасот со стартот на мечот против Гејџи. Организацијата објави дека Оливеира ќе биде казнет поради неуспехот на мерењето.
„Поради неуспехот на мерењето Оливеира ќе загуби дел од хонорарот. Засега Чарлс Оливеира останува шампион на УФЦ во лесна категорија, но титулата ќе ја ослободи со почетокот на главниот настан на УФЦ 274. Доколку Оливеира победи, тој ќе стане претендент број еден за слободниот шампионски појас и ќе се бори со следниот кандидат за актуелната титула на распоредот што ќе биде одреден“.
32-годишната Оливеира, исто така, го објасни неуспехот во мерењето во Феникс, обвинувајќи го УФЦ.
„Се качив во мојата соба и не јадев ниту пиев ништо. Се колнам во Бога и во името на ќерка ми, најсветото нешто во мојот живот. Легнав и се разбудив следниот ден со килограм повеќе. Не можев да сфатам што се случи. Работевме и сме професионалци. Направив се како што треба. За ова зборуваа другите борци – имаа несовпаѓање од 200-300 грама. Оваа разлика ја покажаа картите на УФЦ и на ова ќе се вратиме подоцна. Како што кажав, шампионот има име и се вика Чарлс Оливеира“, изјави Јужноамериканецот.