Од таборот на Фјури: Прво Вајлдер, потоа Џошуа – Вајт ќе почека!

Минатата недела, Боб Арум, кој е менаџер на Тајсон Фјури, објасни какви биле нивните планови и дека ВБЦ ќе мора да го одложи задолжителниот меч со Дилиен Вајт.

Вајт, кој ја има привремената титула на ВБЦ, мора да се бори против Фјури до февруари. Тој е предизвикувач број еден на ВБЦ од 2018 година.

Сепак, на Вајт не му се допадна тоа што го рече Арум и веднаш експлодира.

„Арум зборува глупости. Ова е најголемата глупост во боксот – веќе 1000 дена сум предизвикувач број еден без да добијам борба за титула, додека Фјури се бори со 31-во рангираниот Ото Валин пред само 3.500 луѓе, а потоа му го даваат моето место“, гневен е Вајт.

Сепак, Френк Ворен, другиот менаџер на Фјури, стои зад зборовите на Арум.

Тој верува дека Фјури ќе се соочи со Дионтеј Вајлдер до крајот на годината, а потоа ќе ги обедини титулите против Ентони Џошуа некаде во 2021 година.

Ако битката со Џошуа навистина се случи на почетокот на следната година, тогаш Вајт ќе мора да почека до втората половина од годината.

„Дилиен Вајт зборува многу оваа недела за меч со Фјури, но, за жал, ќе мора да почека. Спортот е во стагнација заради коронавирусот, па Фјури чека, Џошуа чека, Вајлдер чека и Пулев чека”, рече Ворен.

„Еден ден Фјури ќе се сретне со Вајт, но прво со Вајлдер, а потоа и со Џошуа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON