Од таборот на Фјури не се задоволни што Херн ја објави борбата со Џошуа

Промоторот на Тајсон Фјури – Френк Ворен – се пожали дека вчера неговиот колега од таборот на Ентони Џошуа – Еди Херн – им соопштил на ЕСПН и Скај спорт за договорот потпишан меѓу двете земји за двата мега судири.

„Се договоривме заедно да го објавиме договорот, а вчера тие одеднаш самостојно го сторија тоа. Но, ништо повеќе не можеме да сториме, иако воопшто не сме задоволни.

Имаме уште многу работа да направиме за да го избереме местото и датумот. Разговараме за неколку опции, работиме заедно за да ја постигнеме заедничката цел. Ова ќе биде најголемата борба во историјата на британскиот бокс. Нема место за споредба кога двајцата боксери ги држат сите шампионски појаси. Се надеваме дека наскоро ќе го оствариме сонот на сите фанови “, изјави Ворен за Ток спорт.

Според медиумите на Островот, првиот дуел ќе се одржи во јуни или јули, а реваншот – наесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON