Од таборот на Чимаев чекаат борба со Ду Плесис на УФЦ 311 во Австралија

Хамзат Чимаев чека шанса за титулата во средна категорија на УФЦ.

Луѓето од тимот на Чеченецот изјавија дека очекуваат меч со Дрикус ду Плесис на настанот УФЦ 312 кој ќе се одржи во Сиднеј, Австралија. Чимаев на крајот на октомври силно се врати во УФЦ и успеа да го нокаутира Роберт Витакер. Го задуши за неполни 4 минути, а по борбата се испостави дека му ја скршил вилицата.

Во оваа битка Хамзат е тврд на ставот и не сака да се согласи на борба во која нема да се бори за појасот. Веќе има 8 победи во УФЦ и зборува дека му ветиле шанса за титулата и по борбите со Жилберт Барнс и Камару Усман. Шанса за златото чека и Шон Стрикленд, но се чини дека Чимаев може да го претекне.

„Борбата за титулата би можела да се одржи во Австралија на УФЦ 312. Ја разгледуваме оваа можност. Чекаме одлука од УФЦ“, велат од централата на Хамзат Чимаев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО