Од Романија пристигна еден од најбруталните нокаути во историјата на женското ММА (ВИДЕО)

Во изминатите неколку дена во Букурешт Меѓународната ММА организација за МЛД (ИММАФ) го одржа Европскиот шампионат за сенирои, а дел од истото беше аматерски турнир на кој во три дена се натпреваруваа осум натпреварувачки.

Особено впечатлив настап беше оној на финската воинка Јени Кивиоја која на својот пат до сребрениот медал веднаш во првиот ден со брутален „хај кик“ ја запре Швеѓанката Џесика Форслунд Реис.

Борбата во перолесна категорија беше завршена во првата рунда, а финишот дел од навивачите и медиумите веднаш одлучи да го наречат најбрутален хај кик по борбата на Холи Холм и Ронде Русеј.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON