Од петмината македонски џудисти на Светското јуниорско првенство во Загреб само Арбреша Реџепи (-52 кг) забележа победа и Берна Шерифовска (-57 кг) во женска конкуренција и Хамза Јашари и Борче Ангелов до 66 кг и Артан Рушити (-73 кг).
Арбреша Реџепи ја забележа првата победа со ипон на Светското првенство во Загреб против Салимата Фофана од Брегот на Слоновата Коска, но во второто коло беше поразена од Романката Каталина Счиопу со вазари и ипон.
Берна Шерифовска (57 кг) загуби со вазари од Ана Марија Хутану од Романија.
На Хамза Јашари (66 кг) со еден вазари беше поразен од Ловре Башиќ од Хрватска, додека во истата категорија Борче Ангелов ги заврши натпреварите со два вазари во корист на Јагуб Јавадов од Азербејџан.
Аратан Рушити е поразен од Французинот Јавад Абделкарим со ипон.
На СП во Загреб настапуваат 83 земји со 590 натпреварувачи и во машка (346) и во женска (244) конкуренција.
Ipon.mk/В.Д.