Ентони Џошуа направи малку подолга пауза по минатогодишниот шокантен пораз од Даниел Дубоа, кога сакаше по третпат да стане светски шампион во тешка категорија.
Но, Даниел беше поуспешен во британската борба кога го победи Еј Џеј со брутален нокаут во петтата рунда на преполниот Вембли.
Френк Смит, една од главните фигури од Мечрум бокс, кој одигра голема улога во кариерата на Џошуа, откри кога се очекува поранешниот освојувач на златен медал да се врати во рингот.
Извесен период на големо се зборуваше за потенцијален меч меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, но бидејќи Џипси Кинг минатата недела ненадејно објави крај на кариерата, таа борба засега падна во втор план.
Неговиот промотор Еди Херн изјави дека има седум можни противници на својата листа – Мартин Баколе, Дилиен Вајт, Жилеј Жанг, Агит Кабајел, Даниел Дубоа, Џозеф Паркер и Дионтеј Вајлдер.
Смит останува многу близок со Џошуа, а неодамна откри кога поранешниот двократен шампион би можел да се врати на терените.
„Многу работи се случуваат во тешка категорија“, рече Френк Смит и подвлече:
„Даниел Дубоа ќе се бори со Џозеф Паркер на 22 февруари и треба да го почекаме следниот потег на Усик. Но, она што сега можам да го потврдам е дека Ентони Џошуа ќе се врати во рингот ова лето“.