Обединетото светско борење вчера објави дека федерации за борење на Македонија и Индонезија ги расчистиле своите обврски спрема ОБС/UWW и сега може да се натпреваруваат на сите настани на Обединетото Светко борење.
ОБС се согласи за условно укинување на нивните суспензии. Укинување на суспензии е со непосреден ефект, односно стапува на сила веднаш.
Се огласи и Македонскиот олимписки комитет по повод симунвањето на суспензијата:
„Да веруваме дека борењето (Федерацијата за боречки спортови на Македонија), односно нашите најдобри борачи, со напорна и квалитетна работа ќе успее да постигне успеси со кои, за почеток, ќе се доближиме до успесите од минатото.Веруваме во нашите спортисти“!
Ipon.mk/В.Д.