Американските обложувалници ги објавија коефицинетите за полуфиналните пресметки на тешкашкиот Гран при на Белатор, а, според нив, Федор Емилијаненко и Рајан Бадер се фаворити во нивните борби и би требало да се најдат во финалето на турнирот.
Полуфиналето ќе се одржи истиот викенд, односно на два настани на Белатор кои се одражуваат во други делови на САД. Бадер ќе се бори против Митрион на 12 октомври во Анкасвил, додека сојузната држава Њујорк ќе биде домаќин на Емилијаненко и Сонен еден ден подоцна.
Коефициентот за победа на Бадер против Митрион е 1,46, што го прави за доста голем фаворит. Па, ако мислите дека може пресуди тешкашкото искуство на Митрион, би можеле добро да заработите. Коефициентот за неговата победа е 2,65.
Малку поголем фаворит од Бадер е Федор Емилијаненко, чија победа е со коефициент 1,41, додека Чаел Сонен е со 2,80.
Турнирот на Белатор започна во јануари и се очекуваше да биде завршен оваа година, но во моментов шансите не се големи за такво нешто, бидјеќи полуфиналињата се одржуваат само два и пол месеци пред крајот на годината.