Објавија кога и каде ќе се борат Џошуа и Усик

Ентони Џошуа и Александар Усик ќе се сретнат на 25 септември на стадионот на Тотенхем во Лондон. Ова беше официјално објавено од организаторите „Мечум“. Во моментов има дозвола на трибините да бидат присутни 60 000 луѓе, колку што е капацитетот на стадионот.

Ентони Џошуа е шампион во тешка категорија на ВБА (Супер), ВБО, ИБФ и ИБО, а Украинецот Усик е предизвикувач број 1 на ВБО.

Британецот има 23 победи (21 со нокаут) на 24 меча, а единствениот пораз е од Мексиканецот Енди Руиз. Во реваншот Џошуа победи и си ги врати титулите. Тој се подготвуваше за средба со Тајсон Фјури, но Ромскиот крал беше задолжен да одржи трет меч со Дионтеј Вајлдер.

Усик има 18 победи од 18 средби, од кои 13 се со нокаут. Има само два меча кај најтешките и ги доби – против Чез Витерспун и Дерек Чисора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON