Објавени наодите од допинг тестовите на Мајк Тајсон и Рој Џонс: Се е чисто

Неодамна двете боксерски легенди повторно влегоа во рингот.

Мајк Тајсон и Рој Џонс имаа егзибициски меч во Лос Анџелес кој заврши без победник.

Во пресрет на судирот двајцата мораа да поминат тест за недозволени средства, а сега резултатите пристигнаа.

Наодите покажаа дека боксерите не биле под влијание на никакви наркотици.

Тестовите беа негативни, што само докажува дека и на двајцата, над 50 години, не им требаат никакви недозволени стимуланси.

Железниот Мајк по борбата изјави дека пушел марихуана, но очигледно не пушел, бидејќи наодите биле негативни.

Тајсон најави повеќе егзебициски средби за следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON