Владимир Кличко на 25 април ќе ја брани светската титула против Брајант Џенингс и по седум години се враќа во Њујорк. Кличко (63-3) последен пат на американска почва, поточно во Њујорк, се бореше против Султан Ибаргимов, кој беше поразен со едногласна одлука на судиите.
На крајот на април ќе се врати во Медисон Сквер Гарден и ќе ги брани појасите во негова сопственост. Овој пат противник ќе му биде досега непоразениот Брајант Џенингс, кој е без пораз во 19 средби, од кои 10 завршиле со нокаут.
Овие денови е објавено и видео со кое се најавува пресметката меѓу Кличко и Џенингс.
https://youtu.be/7wWIqWYF9dQ