Мајк Тајсон го објави официјалниот полакат за егзибицискиот меч со Рој Џонс следниот месец.
Двете легенди ќе се соочат во осум рунди, при што Мајк ќе ги донира сите приноси во добротворни цели. Веќе знаеме дека нема да има судии, што значи дека не постои начин да се донесе одлука. На мечот може да се победи само со нокаут или технички нокаут во случај некој од нив да добие повреда и не може да продолжи, како што е истакна Спортската комисија.
Тајсон (54) не се натпреварувла од 2005 година кога загуби од Кевин МекБрајд. Џонс (51) последен пат се најде во рингот во 2018 година и го победи Скот Сигман. Спортскиот комитет соопшти дека средбата требало да биде прогласена за спаринг, а не за нокаут-борба. Сепак, Железниот Мајк, не се придржува и не престанува вели дека не може бавно да се бори, туку како што знае.
#TysonJones pic.twitter.com/q1BrJk82hU
— Mike Tyson (@MikeTyson) August 6, 2020