Во возбудлив финиш Могамедгаџи Нуров (-97 кг) го освои бронзнеиот медал на Светското пренвснтво во борење во Нур Сулатан, Казахстан. Иако губеше во последните 40-тина секунди направи целосен пресврт и ја доби борбата 8-5 против домашниот борач Алишер Јергали кој на своја страна ја имаше целата публика во салата.
Ова е голем успех за Нуров на кого на неколку пати му бегаше бронзата од големите натпревари. Тој е првиот македонски спортист што испони олмпикска норма по 12 години.
Поведе Јергали 0-1 на истерување, потоа до 0-2 и 0-3 стигна со казнени поени, како и со ново истерување стигна 0-4. Нуров тргна на се или ништо и дојде до 4-5, 5-5, па 7-5, односно 8-5.
Во репасажот го совлада Николаи Чебан од Моладавија со 2-1, со што обезбеди борба за бронзениот медал.
Вчера Нуров славеше против Хосам Мерџани од Египет со 9-1, а потоа во осминафиналето беше подобар од Хозе Даниел Дијаз Роберти од Венецуела со 7–2, додека во четвртфиналето Нуров му се спротивстави на најдобриот борач во светот Русинот Абдулрашид Садулаев и загуби 0-6.
Борбата за вториотбронзен медал меѓу Кајл Снајдер од САД и Е.Одикаѕе од Грузија заврши со победа од 5-0 на фавритот Снајдер. Абдулрашид Садулаев (Русија) е шампион во оваа категорија. Тој го совлада Шариф Шарифов (Азербејџан) со 4-0.
Резултати
Могамедгаџи Нуров – Хосам Мерџани (Египет) 9-1
Могамедгаџи Нуров – Хозе Роберти (Венецуела) 7–2
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-6
Репасаж
Могамедгаџи Нуров – Николаи Чебан (Моладавија) 2-1
За бронза
Могамедгаџи Нуров – Алишер Јергали (Казахстан) 8-5
Ipon.mk