Останаа уште двајца македонски спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио, тие се Пулексенија Јованоска (карате) и Могамедгаџи Нуров (борење).
Според програмата каратистката Јованоска својот настап се очекува да го има на 5 август во 03.00 часот по македонско време, а борачот Нуров на 6 август во категоријата до 97 килограми.
Претходно Дејан Георгиевски во таеквондо ја израдува нашата земја со освојување на сребрениот медал, а сериозни амбиции за медал во јапонскиот град има и Нуров.
Нашиот борач според рангирањето на ОБС/ UWW е 4 борач во категоријата до 97 кг, барем, како што е објавено првично, противник ќе биде Белорусинот Александар Хуштин.
Доколку триумфираа во таа борба, во четвртфиналето ќе ги одмери силите против подобриот од пресметката меѓу Канаѓанецот Стин и Италијанецот Конједо, а во полуфиналето го чека и најголемиот фаворит за златото, Садулаев.
Токму борењето ни го донесе првиот медал на летните Олимписки игри, во Сиднеј 2000 година кога со бронза се закити Могамед Ибрагимов.
Фото: Инстаграм/@nurov_97m