Репрезентативецот Могамедгаџи Нуров ги почна подготовките за Олимписките игри во Токио оваа година во родниот Дагестан. Нуров под раководство на постариот тренер на дагестанската репрезентација во борење-Гајдар Гајдаров, работеше со кандидатите за избор на олимпискиот тим на Русија пред Државното првенство на Руската федерација.
Гајдаров, кој стручно и помага на борачите на Вардар, вели дека Нуров се наоѓа во врвна форма, подготвен е за постигнување и освојување на врвни резултати, каде што на подготовките совесно ги извршува сите задачи. Бидејќи се совпаѓаат планираните учества на меѓународни турнири кои ги зацрта Могамед Ибрагимов пред Олимпијадата во Токио, одлично се совпадна и фактот дека Нурот го подолжи тренажниот процес со дагестанската селекција, каде што тренира заедно со „Аварскиот тенк“- Абдулрашид Садулаев.
Поради пандемијата и отежнатиот транспорт до Киев Нуров нема да учествува на меѓународен турнир во од 26 до 28/02 на “XXIV OUTSTANDING UKRAINIAN WRESTLERS AND COACHES MEMORIAL”.
Нуров ќе се подготовува до 3 март со тренерот Гајдаров, а потоа со Ибрагимов и Пешко е планирано да учествува на првиот турнир од серијата за рангирање на најдобрите светски борачи. Кој ќе се одржи од 4 до 7 март во Рим, Италија.