Нуров петти на „Полска опен“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров на силниот Меѓународен турнир „Зилковски, Питласинки, Полска опен“ е поразен во борбата за бронзениот медал од Алишер Јергали од Казахстан со 11-7, односно туш.

Штета за Нуров, имаше водство, но на две минути до крајот мало невнимание му даде можност на противникот за ефикасна акција и туш.

На турнирот што е проверка пред Олимписките игри воТокио Нуров во четвртфиналето беше поразен од Иранецот Али Халил Шабанибенгар 2-9, но бидејќи противинкот се пласира во финалето му овозможи борба за бронзениот медал.

Нуров го освои петото место на овој турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON