Бронза на силниот Меѓународен турнир во борење „Гран-при Москва – турнир на легионери“на нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров.
Борачот на Вардар во борбата за бронзениот медал го совлада турскиот борач Ибрахим Џивчи со 5-0.
Како што рековме и вчера, Нуров демонстрира добра форма пред Светското првенство во Србија. Очигледно стручната работа на Гајдар Гајдаров и нашиот олмпиец Могамед Ибрагимов вродува плод.
Ipon.mk