Македонскиот претставник Магомедгаџи Нуров се пласира во полуфиналето на турнирот во борење слободен стил на Медитеранските игри, а противник за пласман во финалето вечерва ќе му биде Мостафа Елдерс од Египет.
Нуров обезбеди полуфинале со три убедливи победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија.
Своите настапи на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран ги завршија македонските каратисти Петар Заборски, Симона Заборска и Петар Спасеновски, откако сите тројца претрпеа порази во првото коло од Енес Гарибовиќ од Хрватска, Тамара Живковиќ од Србија и Мароканецот Набил Еч-Чаби.
Владимир Егоров и Фати Вејсели, исто така, во првото коло ги загубија своите натпревари во борење слободен стил.
Резултати:
97 кг
Могамедгаџи Нуров – Мохамед Саадуи (Тунис) 13-2
Могамедгаџи Нуров – Мохамед Фардј (Алжир) 10-0
Могамедгаџи Нуров – Алехандро Панкорбо (Шпанија) 10-0
Могамедгаџи Нуров – Мостафа Елдерс (Египет)
74 кг
Фати Вејсели – Абделкадер Икал (Алжир) 2-3
65 кг
Владимир Егоров – Јехија Хафез (Египет) 5-5