Иако имаше лесен противник Мохамедгаџи Нуров (-97 кг) на светскиот предолимписки турнир во Улан Батор, загуби уште во првата борба и заборави на Олимпијадата во Бразил
Натурализираниот Нуров загуби во осминафиналето од Романецот Василе Влад Караш, кој со неколку превртувања направи 6-0 за неколку секунди, по нешто повеќе од две минути борба. Караш не стаса до финалето за Нуров да ја бара шансата во репасажот и да стаса до третото место.
Изагубени се шансите да се пласира меѓу првите тројца во категоријата и да обезбеди олимписка норма за ЛОИ во Рио де Жанеиро – Бразил (5-21 август).
На овој турнир требаше да настапи и Лабазан Аскербиев (-57 кг). Нуров го водеше потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Могамед Ибрагимов, освојувач на бронзениот медал од ЛОИ во Сиднеј 2000-тата, што е единствен во независна Македонија.
Од ФБСМ, преходно, истакнаа дека поради скапите авионски карти нема да патуваа Дејан Митров (до 65 кг) и Бобан Данов (до 125 кг). Тие, како и Нуров, Аскербиев и Халил Зубаиров полседната шанса ќе ја имаат на критериумскиот турнир за борачите од целиот свет од 6 до 8 мај во Истанбул, Турција. Таму норма ќе обезбедат само финалистите по категорија.
Погледнете го видеото од борбата на Нуров против Караш, кој пред една недела, во Зрењанин – Србија, во репасажот го освои бронзениот медал, а таму само првите двајца обезбедуваа норма.
Ipon.mk/В. Д.