Нуров ќе се бори за златниот медал на Медитеранските игри, Митров има шанса за бронза

 

Могамедгаџи Нуров се пласира во финалето на Медитеранските игри на турнирот во борење слободен стил. Нашиот репрезентативец со пресврт во полуфиналето го совлада Турчинот Деде со 8-5.

Турскиот борач имаше водство од 5-2, но со превсрт во втората рунда Нуров се избори за финале и борба за златниот медал.

Настапите на другите борачи беше лош и губеа со технички туш, само Дејан Митров изгуби во рамноправна борба и има шанса да се бори за брознениот медал, бидејќи борачот од Египет се пласира во финалето.

Финалната борба е утре во 19 часот, а негов противник ќе биде италијанскиот борач Симоне Јанатони, кој во полуфиналната борба беше подобар од Максим Франсоа. Митров доби шанса да се бори за бронзениот медал против Будра Мохамед од Алжир која на програмата е утре.

И Бесмир Весели утре, исто така, ќе се бори во репасаж против Канева Арон од Италија, а ако извојува победа ќе се бори за бронзениот медал против Тимураз Фриев од Шпанија.

Резултати

-65 кг
Раиф Камбери – Илман Мухтаров (Франција) 0-10 (ТТ)

-74 кг
Дејан Митров – Сами Мустафа (Египет) 6-9

-86 кг
Бесмир Веселовски – Ахмет Белиџи (Турција) 0-10 (ТТ)
Бесмир Веселовски – Ахмед Аибуев (Франција) 0-11 (ТТ)

-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Антонио Руиз Родригез (Шпанија) 9-0
Могамедгаџи Нуров – Јунус Деде (Турција) 8-5

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON