Могамедгаџи Нуорв се најде на 8-мото место на ранг листата на најдобрите борачи на Обединетото светско борење (UWW/ОБС) во категоријата до 97 килограми за јуни.
Нуров е единствениот македонски борач во рангирањето на ОБС, а ова го заслужи со бронзениот медал од силниот Меѓународен турнир „Дан Колов“ во Бугарија. Нуров Европското првенство во Нови Сад, Србија, освои петото место, з амалку не успеа да го освои бронзениот медал.
Во неговата катеорија најдобар борач е Каел Снајдер од САД, па следат Могамед Ибрагимов (Узбекистан), Риза Јилдерим (Турција), Елизбар Одикадѕе (Грузија), Арсланбек Алборов (Азербејџан, Анзор Болуткаев (Русија), Александар Хуштин (Белорусија) и Могамедгаџи Нуров (Македонија) итн.
Пет од шестмината шампиони од Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 се на водечките позиции.
Најдобрите по категории:
-57 кг Хасан Рахими – Иран
-61 кг Владимир Хинчегашвили – Грузија
-65 кг Сослан Романов – Русија
-70 кг Могамед Курбанлиев – Русија
-74 кг Аниуар Гидуев – Русија
-86 кг Абдулрашид Садулаев – Русија
-97 кг Каел Снајдер – САД
-125 кг Таха Акгул – Турција
Ipon.mk/В.Д.