Актуелниот шампион во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, кој летото го загуби татко му Абдулманап, објави на Инстаграм. Спортистот ги охрабри сите да ги ценат постарите луѓе и времето што го поминуваат со нив.
„Ценете ги постарите, тие нема секогаш да бидат тука како што мислиме“, им рече Нурмагомедов на своите следбеници“.
https://www.instagram.com/p/CEpcb7UK4Nd/?utm_source=ig_embed
Тој објави извадок од говорот за неговиот татко.
На крајот на април 2020 година, Абдулманап беше примен во болница во Махачкала со дијагноза на вирусна пневмонија. Неговата состојба се влошила и бил пренесен во московска болница на 3 мај, каде му било дијагностициран КОВИД-19. Абдулманап претрпе мозочен удар, срцев удар, операција на срце и две коми. На 3 јули срцето на Абдулманап Нурмагомедов престана да чука.