Усман Нурмагомедов ја направи првата успешна одбрана на титулата во лесна категорија на Белатор 292 во Сан Хозе, откако во првата рунда го запре Бенсон Хендерсон со давење од позади.
Дагестанецот почна да го завршува противникот уште од првите секунди од средбата. Влезе спектакуларно со летечки удар со десната нога во главата на предизвикувачот за да го собори.
На терен, работите станаа уште погруби бидејќи школата на Нурмагомедов е веројатно најдобрата во светот кога станува збор за граплинг.
Усман на тој начин си загарантира пласман во полуфиналето на Светското Гран При на Белатор, каде ќе го чека победникот од двојката Примус-Барнају.
Хендерсон јавно објави дека ја завршува кариерата во мешаните боречки вештини.
Резултати Белатор 292:
Главна карта
Усман Нурмагомедов – Бенсон Хендерсон со завршница Р1, 2:37
Александар Шаблиј – Тофик Мусаев со ТКО Р3, 0:29
Линтон Васел – Валентин Молдавски со КО Р1, 3:03
Мајкл Пејџ – Гоити Јамаучи со TKO Р1 0:26
Прелиминарни
Енрике Барзола – Ерик Перез со одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Џош Хил – Кас Бел со одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Калид Муртазалиев – Тони Џонсон со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Довлетџан Јагшимурадов – Јулиус Англикас со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Лерд Андерсон – Рохелио Луна со завршница Р1, 2:41
Тео Хејг – Адам Вамсли со завршница Р1, 3:01
USMAN NURMAGOMEDOV! 🔥
The lightweight world champion remains #AndStill with an incredible submission!
📺 #Bellator292 | LIVE NOW | 🇺🇸 @SHOsports pic.twitter.com/i55msZgfu3
— Bellator MMA (@BellatorMMA) March 11, 2023