Нурмагомедов ги смирува навивачите: Ќе ги симнам килограмите, веќе сега сум близу! (ВИДЕО)

Во вторник според американско време е организиран т.н. медиумски ручек со ѕвездите на последниот ППГ настан во годината – УФЦ 219, закажан за 30 декември во Лас Вегас. Со новинарите се дружеа шампионката на УФЦ во перолесна категорија Крис Киборг и „топ кандидот“ во лесна Хабиб Нурмагомедов.

Очекувано, една од темите на разговор со рускиот непоразен борец беше и симнувањето на килограмите, бидејќи токму овој проблем кумуваше на неговото последно откажување во очи на УФЦ 209.

„Имам план за симнување на килограмите“, ги отфрла сомневањата Нурмагомедов и додава:

„Ќе си ја исечам или левата или десната нога во петок пред мерењето. Само треба да размислам уште дали левата или десната …“.

Но, кога одлучи да биде сериозен, Русинот потврди дека работите се промениле и дека овој пат нема да имаа проблем со мерењето.

„Многу работи променив и сега тежината ми е идеална. Во добра форма сум. Имам тешки тренинзи уште три дена, за да го завршам кампот. И тогаш ќе се фокусирам само на симнување на килограмите. Ќе видиме. Не сум во лоша форма. Многу сум возбуден поради овој меч. Сакам повторно да се докажам“, тврди Орелот.

Колку работи променил зборува и податокот дека тој е на килажата што имаше само три дена пред УФЦ 209. А до настапот во Лас Вегас има уште 12 дена.

„Веќе сега сум многу близу“, загодочно рече Русинот.

Запрашан кога планирал да го нападне шампионскиот појас, Нурмагомедов одговорил дека се надева оти тоа ќе биде веднаш по победата против Едисон Барбоза.

„Мојот менаџер смета оти УФЦ ќе ми даде борба за титулата ако победам во оваа средба. Се согласувам со тоа. Не може секој меч да се бориш за појасот“.

На крајот на разговорот Русинот уште еднаш се пошегува – на туѓа, но и на своја сметка!

„Мислам дека е интересно ова со симнувањето на килограмите. За гледачите. Можеби би платиле ППГ само за официјалното мерење. Луѓето ги интересира дали ќе успеам да ги симнам килограмите или не. Зошто не би го наплаќале мерењето. Освен за мојот меч, нестрпливо го чекаат и мерењето. Ќе биде интересно … “.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО