Имаше големо разочарување на УФЦ 209 откако подглавниот настан меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон пропадна поради здравствени проблеми на Орелот.
Сепак, Лук Рокхолд кој е соборец на Русинот, изјави дека наскоро може да ги видиме во кафезот.
„Навистина, беше штета. И јас го чекав овој дуел и доста трениравме за него. Знам колку напор вложи тој и навистина е лошо така да завршат работите.
Од она што го знам, црниот дроб не добивал доволно крв и нешто не е во ред при симнувањето на килограми. Нешто многу слично со она што се случи и пред неговиот последен дуел. Јавно никогаш не знаеш што може да се случи кога симнуваш толку килограми. Но тој е подготвен да се бори и наскоро ќе преговара за нов датум.
Не би требало да чекаме многу време. Мислам дека е гладен и подготвен“.
28-годишниот Нурмагомедов ја згази конкуренција на патот кон одличната статистика 8-0 во УФЦ.
.