Дана Вајт нема да биде пресреќен од најновата изјава на неговиот миленик Френсис Нагану. Не требаше долго да се ќека за Камерунецот да тргне по стапките на Конор Мек Грегор и да си посака боксерска кариера. А тоа е нешто на што Вајт во последно време е посбено алергичен. Барем додека тој и неговата компанија не ја устоличат својата со боксерска „секција“.
Гостувајќи на подкаст „Outside the Cage“ предизвикувачот во тешка категорија погледна во иднината по 21 јануари и мечот против Стипе Миочиќ во Бостон на УФЦ 220. Очекувано, Стипе веќе го „смести во фиока“, а во неговатата визија за она што ќе се случи, се сврте кон нови предизвици …
„Прво ќе поминам преку Стипе, но мојот првичен сон беше да станам светски шампион во боксот. Затоа би сакал да добијам шанса да се борам против Ентони Џошуа. Ќе дојде ли до шанса, ќе видиме. Јас, секако, сум отворен за тој меч. Моментално, Стипе е првата цел“, откри Нгану дека сонува боксерска кариера.
Запрашан за предизвиците во октагонот доколку стане шампион во тешка категорија на УФЦ, Нгану размислува како неговиот работодавец – комерцијално. Од сите потенцијални противници окото му го фаќа поранешениот шампион Брок Леснар.
„Како предизвикувач, мојата цел беше да се борам против борци кои ќе ми овозможат прилика да стигнам до предизвикувачката позиција. Но, како шампион, мислам дека тие се оние кои треба да дојдат кај мене, а јас ќе им покажам дека сум крал. Но, исто така би сакал да го видам мечот Нгану – Леснар. Леснар ми се чини дека е физички исклучително сеилен борец и би сакал да го тестирам“, заклучи Нгану.
Џошуа е во боксот, Леснар е во ВВЕ, така што и двата сона на Нгану многу тешко ќе се реализират во 2018 година. Но, неговите планови ќе зависат пред се од исходот на дуелот од 21 јануари против Стипе Миочиќ.