Новиот тренер на Кубрат Пулев, Ули Вегнер, најави дека бугарскиот боксер треба целосно да го промени својот стил, ако сака да ја освои светската титула во професионалниот ринг.
„Пулев подобро е подготвен од мојот колега Ото Рамин, но не доволно добро за светската титула. Кубрат боксува премногу отворено, а така нема да ги победува ривалите од светска класа. Треба целосно да го промени својот стил. Ова ќе биде многу тешко, бидејќи тој веќе е возрасен и изграден боксер. Единствено, тоа може да го направи со желба, а тој, го има тоа“, изјави Вегнер за „Остјурингер цајтунг“.
„Секогаш го кажувам примерот со легендата на скијачките скокови, Јенс Вајсфлог. Тој целосно го промени стилот. Од паралелно скокање премина на V -форма и освои уште две олимписки титули . Оваа промена му одзеде половина година . За такво нешто треба трпение и железна волја. Самиот Пулев покажа дека има големо трпение. Инаку немаше да чека две години за натпревар со Кличко“, дополнува Вегнер .