Роберт Гарсија сака да додаде уште еден голем успех во своето резиме.
Познатиот боксерски тренер потпиша договор со Ентони Џошуа и ќе го подготви за претстојниот реванш со Александар Усик ова лето.
Натпреварот се очекува да се одржи во Саудиска Арабија на 23 јули.
Гарсија е поранешен боксер и еден од ретките Американци што Џошуа ги запозна по поразот од Украинецот во нивната борба во септември. Гарсија доаѓа во тимот на лондончани и ќе биде рамо до рамо со долгогодишниот тренер Анхел Фернандез.
View this post on Instagram
Во едно неодамнешно интервју 47-годишниот Гарсија рече дека сака да направи нешто слично на она што неговиот ученик Маркос Мајдана му го направи на Адриен Бронер во 2013 година.
„Ми се допаѓа овој предизвик“, изјави Гарсија и додаде: „Особено тоа што доаѓаш по пораз и да се исправиш на реванш средба со човекот кој те победи. Тоа е голем предизвик за мене. Разбирам дека нема да биде лесно. Ќе направам се што е потребно за Ентони повторно да стане шампион.
Ова е она што најмногу ме мотивира – бидејќи доаѓа по пораз, луѓето очекуваат дека не може да победи. Ми се допаѓаат ваквите предизвици. Како кога Мајдана го победи Бронер или Абнер Марез го победи Хесус Суелар или Стиви Лувано отиде во Лондон и го победи Ники Кук со нокаут во 11-тата рунда – нешто што никој не очекуваше да се случи.
Џошуа е таков предизвик во моментов. Тој изгуби. Но, не беше претепан, туку загуби со судиска одлука. Сепак – ова е нето пораз. Сега, ако успееме да победиме, тоа ќе биде голем успех за мене како тренер“.
Во моментов со Гарсија се подготвуваат Мики Гарсија, Џес Родригез, Џошуа Франко и Хозе Рамирез.