Новиот спектакл со Фјури во 2022 или 2023 година, татко му инсистира за меч со Усик

Британскиот боксер Тајсон Фјури го одбрани појасот во тешка категорија откако го совлада Американецот Деонтај Вајлдер, а англиските медиуми веќе почнаа да шпекулираат за тоа кој ќе му биде следен противник на Фјури.

Фјури ја има титулата во ВБЦ-верзијата, па не е апсолутен владетел во тешка категорија затоа што останаа и ВБА, ИБФ и ВБО кои му припаѓаат на Украинецот Александар Усик.

Сите сакаат да видат битка меѓу Фјури и Усик, меѓутоа мора да почека за тој спкетакл, доколку воопшто се случи. Украинецот ја прифати понудата на менаџерскиот тим на Ентони Џошуа за реванш, како и датумот кога треба да се случи, а тоа е на пролет во 2022 година.

Доколку Џошуа слави во реваншот, тогаш е јасно дека ќе има и трета борба, додека ако Усик слави, тогаш тој ќе се соочи против Фјури, но дури во 2023 година.

Сепак, Џон Фјури, таткото на Тајсон е категоричен.

„Тајсон треба да брка натпревар со Усик. За мене, тоа тоа да биде или Усик или ништо. Не би ги погледнал другите имиња, бидејќи не се класа на Тајсон. Дали Дилиен Вајт ќе го победи Дионтеј Вајлдер? Не“, рече Џон Фјури, кој е категоричен дека ниту една друга борба нема да има смисла за неговиот син.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON