Нови униформи во борењето, Косово е нов член на ОСБ!

ОСБ Дусек

По повеќе од четири децении без надградба на своите спортски претсавувања, Обединетото светско борење (ОСБ) во четвртокот објави дека ќе се прават значителни измени на униформите на борачите и судиите, како и промена на бојата на душекот.

Традиционалниот бои на душекот, жолта и црвена боја, за прв пат се промовирани 1972 година на Олимписките игри во Минхен, ќе бидат заменети со темно сина и портокалова боја. Боите беа избрани како дел од еден поголем напор за подобрување на интернет и телевизиската гледаност.

Униформите за борење, иако не е финализиран дизајнот, ќе бидат во различни бои и ќе бидат прилагодени по желба на помладата публика. Судиите, кои еднаш носеа костум и вратоврска, сега ќе носат поло кошула и панталони.

„Ние преземаме чекори за да се осигураме дека борење е привлечна за гледачите“, изјави претседателот на ОСБ, Ненад Лаловиќ.

„Традиционалните маички не се атрактивни за појавување во салата. Сакаме облека со која борачите и навивачите ќе се чувствуваат горди да ја носат и ние ќе го овозможиме тоа“.

Конечниот дизајн на униформите за сите три стилови во борење се во фаза на развој и ќе биде одобрен кон крајот на оваа година.

Лаловиќ и Бирото за борење на ОСБ, исто така, донесоа неколку одлуки, вклучувајќи го и привременото признавање на Боречката федерација на Косово. Откако ќе заврши привремениот период, со Косово ќе се зголеми бројот на националните федерации во ОСБ на 179.

Бирото , гласаше за преименување на сите пет континентални совети под знамето на „Обединети светско борење – регион“ (Африка, Америка, Азија , Европа и Океанија). Рационализацијата за именување подобро ќе го промовира подобро името за идентификација на меѓународната федерација и континенталните тела.

Средбата се одржа еден ден по успешното лансирање на организацијата на „Супер 8“, двомесечна кампања на Меѓународната федерација за подигање на свеста за женското борење и да се зголеми учеството на жените на сите нивоа во овој спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON