Понудите за пресметка меѓу Бадр Хари и Рико Верховен се чини дека немаат крај, барем, ако му се верува на зборовите на Анил Дубар, тренери под чија заштита некогаш се развиваше познатиот кикбоксер Даниел Гита.
Дубар преку Фејсбук откри дека дека се надминати сите досегашни понуди за организацијата на овој натпревар, но тие се вистински ситница во споредба со два и пол милиони евра, кои ги нудат Кинезите. Но, набрзо и тие се приземјени од Чеченци кои износот го подигнале дури четири милиони евра.
Да потсетиме, првите сериозни понуди стигнаа од Едвин ван Оса, претседател на Енфужн, кој понуди половина милион, а потоа на неа се надоврза и понудата на Фајт лигата од 800.000 евра.