Руските медиуми и понатаму на големо пишуваат за нападот на ќерката на познатиот светски ММА борец и боречка икона, Федор Емилијаненко. Да потсетиме, вчера беше откриено дека Маша Емилијаненко била нападната на враќање од училиште, а медиумите веднаш тоа го поврзаа со конфликтот на поранешниот шампион на Прајд и чеченските диктатор Рамазан Кадиров кој е во фокусот на вниманието последнава недела.
Причината медиумскиот конфликт се борбите на деца кои неодамна ги организираше Кадиров, а кои му засметаа на легендарниот спортист. Диктаторот го нападна Федор преку медиумите упатувајќи до него и некои критики кои отидоа „под појас“, а целата работа ја сопре рускиот претседател Владимир Путин гледајќи дека нештата отишле предалеку. Неколку дена во Русија се одвиваше медиумска војна меѓу оние кои застанаа на страната на Федор и забраната на „децата во кафези“ и други кои го придржуваа Кадиров.
Кога се откри дека е нападната ќерката на Федор, медиумите оваа случајност или не, веднаш ја поврзаа со лидерот на Чеченија. Но, денска полека топката се спушта на земја. Руските медиуми пишуваат дека не е нападнати деветгодишната, туку шеснаесетгодишната, но и дека помнатаму мотив за нападот не е познат. Истрагата ќе продолжи.
Според она што го знае полицијата, девојката веднаш не го пријавила нападот, туку тохаш кога и се слошило. Се чини дека била нападната уште во петокот, а во полицијата отишла кон крајот на минатиот викенд. Имено, станува збор за удар со нога во градите (во пределот на срцето), но во прво време немало видливи траги од нападот. Засега нема докази дека нападот е поврзан со изјавата на Федор или со бранот на многу остри одговори од чеченските политичари и спортисти. Федор откако ја слушнал веста, наводно, одлучил да остане во Стари Оскол каде што се подготовува за следниот настап.
Руските медиуми пишуваат дека чеченскиот диктатор преку Инстаграм ги повикал сонародниците да престанат да го напаѓаат Федор поради неговите критики. Се претпоставува дека ова е последица на делувањето на рускиот претседател Владимир Путин.