Новата надеж на Балканец-Филип Тасев (13 г.) за две години освои 21 медал

Filip Tasev Balkanec
Во БК Балканец се јавуваат нови таленти. Сите тие, на разни турнири, ги потврдуваат своите квалитети. Се почесто во јавноста ги читаме имињата на пионерите и кадетите Мартин Стојанов, Серхан Шакиров, Петар Тодев, Џан Назифов, Трајче Нацев, Филип Тасев се враќаат со медали.

Така, беше и деновиве кога децата на Балканец освоија осум медали на турнирот „13 Ноември“ во организација на БК Тефејуз. Децата се иднината на Балканец. Со нив работат тренерите Горан Стојанов, Гордан Николов, Добре Маринков…
Филип Тасев, роден пред 13 години, е исто така голема надеж на штипското и македонско борење. За две години освои 21 медал од разни турнири.Почна со третото место на училишните натпревари на основните училишта во Радовиш во 2014 година. Тој медал му даде мотив да продолжи со успешните настапи. На турнирите на Лирија и „Ментаз Алајбегу“ во 2014 година ги освои првите места. Прво место освои и на Регионалниот турнир во Радовиш. Лани, во Бугарија, на турнирот „Белата чешма“ беше најдобар. Исто така, златен медал освои и на турнирот „Серафим Брзаков“ во Бугарија, а злато освои и на турнирот „Катунци“ во Бугарија; беше втор на меѓунродниот турнир во Солун, Грција.
„Уште на седумгодишна возраст почнав да тренирам. Го намирисав душекот и од него не се одделувам. Тој ме привлекува. По часовите, секогаш сум редовен и на тренинзите во Балканец. Се радувам на сите успеси на Балканец. Имам добри другари, со кои се дружам, вели Филип Тасев, одличен ученик во осмо одделение во ОУ „Гоце Делчев“.
Филип Тасев ја има поддршката и од своите родители. Го следат неговиот развој и го воспитуваат.Но, кои му се најдрагите признанија?!
„Секако, во преден план ги издвојувам успесите на меѓународните турнири во Бугарија и Грција, каде конкуренцијата беше силна. Верувам дека во иднина ќе постигнувам и нови успеси. Со нетрпение го очекувам настапот на „Трофејот на легендите“ во Штип, што ќе се одржи на 21 ноември, сабота, а ќе учествуваат борачи од соседните држави. Верувам дека и на овој меѓународен турнир ќе ги потврдам своите квалитети. Моја желба е да продолжам по патот на олимпијците Зоран Шоров, Киро Ристов, Симеон Шутев, Шабан Трстена, Шабан Сејдију и другите легенди– додава Филип Тасев.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON