Нова трагедија го потресе боксерскиот свет! 18-годишната шкотска боксерка Никола Ратри беше пронајдена мртва само еден ден откако се врати на рингот по една година мајчинство. Безживотното тело на младата боксерка е пронајдено во нејзиниот дом, јавуваат островските медиуми.
„Таа имаше лесен спаринг за време на тренинг сесијата во вторникот вечерта, ден пред нејзината смрт. Изгледаше во подобра форма од кога и да било. Беше навистина среќна. Не можев да поверувам, кога го дознав следниот ден што се склучило. Ова е вистинска трагедија. Тие се одлично семејство“, рече Лори Редферн, сопственик на боксерскиот клуб, каде што Никола имаше часови.
Пријателите и најблиските на починатата боксерка собираат средства за поддршка на нејзиното семејство.