Нова содржина за најмладите генерации во Скопје – РЕКРЕАТИВНА ГИМНАСТИКА

 

 gimnastika-13

Ова време на современа технологија го оддалечува човекот од поголема физичка активност. Многубројни научни истражувања во пракса потврдуваат дека физичката активност, со рационално водење на животот, е еден од главните предуслови за развој и одржување на физичката и психичката здравствена состојба на човекот. Утврдено е дека лицата кои редовно тренираат се поотпорни на болести, зголемена им е работоспособноста, им се создава креативен дух, стануваат поурамнотежени, стекнуваат сигурност во сопствените сили, поведри се и подобро се вклопуваат во средината во која што живеат, учат или работат. Иако тоа на сите им е јасно, сепак, не може да се занемари фактот дека денес во голем процент  родителите се почесто се соочуваат со лошо држење на телото кај своите деца, но и со сериозни телесни деформитети, што е директна последица на запоставувањето на физичката  култура  и бавењето  со спорт. Според некои автори, се смета дека лошото држење на телото е застапено кај 60-70 отсто кај децата на возраст од 5-7 години.

Познато е дека правилното држење на телото зависи од градбата на скелетот, распоредот на мускулатурата, нејзиниот тонус, маса и сила, како и од симетријата на парните делови. Мускулната сила ги одржува сегментите на телото во одредена положба без прекумерно оптоварување на зглобовите. Тонусот на мускулатурата зависи од непрекинатото влијание на нервните импулси од ЦНС, од зрелоста т.е. правилното функционирање на нервниот систем во голема мера влијае на држењето на поедините делови на телото. Она за што треба да сме свесни кога децата се во прашање е фактот дека постојат три критични  периоди во текот на растот и развојот  кои се посебно значајни за појавата на лошето држење на телото во кои треба соодветно да се дејствува за да не дојде до истото. Тоа се периоди на големи промени во растот и развојот на скелетно-мускулниот систем, како и периодите  на зголемено оптоварување на организмот.

I критичен период 1 и 2 година на животот

Од новороденче кое лежи на широка подлога на грб или стомак и функционира на ниво на рефлексни активности, полека се претвара во координирано суштество кое седи, ползи и оди исправено. Тоа е период на интензивно зголемување на телесна тежина, промена во метаболизмот на минералите, интензивни промени во оптоварување на зглобовите на рбетниот столб и долните екстремитети. Мускулите, тетивите и лигаментите во оваа возраст се послабо развиени. Стомачниот ѕид не е способен да издржи големо оптоварување. Затоа без силни стомачни мускули и развиена грбна мускулатура нема правилно држење на телото.

Освен тоа, децата растат играјќи си на подот, пред телевизор, компјутер, телефон или таблет со што е создаден идеален предуслов за настанок на постурален дисбаланс со последични деформитети и заболувања во подоцнежена возраст.

II Критичен период – 6. и 7. год.

Тргнување на училиште (долготрајно седење во клупа, носење на тешка школска чанта).

III Критичен период – 11; – 14 год.

Период на пубертет (Големи хормонални промени и забрзан раст).

ПРЕВЕНТИВА –  Рекереативна гимнастика

Зошто токму  Рекреативна гимнастика ?

Рекреативната гимнастика е активност која содржи голем број на мошне интересни вежби со инволвирање на мускулите на целото тело. Бидејќи истите треба да се извршат од страна на децата, дадените вежби се претставени како еден вид на игра и забава. Затоа гимнастиката децата не ја гледаат како спорт, туку како интересен тип на игра, во која учествуваат со своите врсници. На децата им се дава можност на многу справи да ги тестираат своите вештини и умешности.

gimnastika-1

gimnstika-2

Надминувајќи ги физичките бариери, децата исто така се ослободуваат од менталната блокада, што значи дека рекреативната гимнастика во голема мера придонесува и за нивниот ментален развој. Рекреативната гимнастика може да се види како серија на физички задачи кои се неопходни за детето да реши, како да добие една хармонична целина. На овој начин, се подобруваат когнитивните способности на детето и ја истакнува позитивната страна на неговата личност.

gimnastika-3

gimnastika-4

Ако се гледа од здравствен аспект, рекреативната гимнастиката дава голем придонес за здравјето на детето. Истата се користи за отстранување на постојните и спречување на зголемувањето на бројот на евентуалните деформитети. Бидејќи многу деца денес имаат проблеми со рамни стапала, искривување на ‘рбетот и дебелината, важно е да се истакне дека рекреативната гимнастика помага да се елиминираат овие проблеми, детето да биде поздраво и поспособно.

gimnastika-5

gimnastika-6

Исто така, ако кај детето се присутни на пример стравот од височина, јавното говорење, итн, рекреативната гимнастика е добар пат за надминување на овие стравови. Истата му дава на детето поголемо чувство на доверба и придонесува за неговата упорност. Поради надминатите сопствени стравови и справување со фактот дека границата на издржливоста може да се помести, детето станува послободно и подготвено за предизвиците што ги носи животот. Исто така, бидејќи децата додека растат имаат тенденција на падови и повреди, гимнастичките вежби ги наведуваат на тоа како да бидат подготвени секогаш да се дочекаат на нозе и раце, без никакви посериозни повреди.

gimnastika-7

gimnastika-8

Рекреативната гимнастика располага со значителен обем на средства и разновидни форми на движење, овозможувајќи впечаток на зголемување адаптивни и креативни способности кај децата – има широк спектар на трансфери и во други спортови . Во рекреативната гимнастика се инсистира на правилно држење на телото и хармоничен развој на сите делови од телото, што е од големо значење во спречувањето на постурални нарушувања кај децата и  младината. Посебен ефект рекреативната гимнастика има во: зајакнувањето на рацете и рамењата, ориентација во просторот и времето, моторна интелигенција. Има воспитно влијание во зајакнување на волјата, упорноста, храброста, одлучноста, дисциплината, систематичноста (аналитички, рационално …). Од аспект на способност во најширока смисла ја зголемува концентрацијата, координацијата, флексибилноста, агилноста, брзината, силата, издржливоста, сигурно чувство на простор и време, динамичката рамнотежа, ритамот, одлучноста, храброст, разбирањето на другите, трпение, посветеност, упорност, педантност, точност, анализирање, моторна и општа интелигенција, задоволство, да им помогне на другите, и многу други нешта.

Тренинзите на гимнастичката секцијата во ШКК Вардар ќе се одвиваат под стручно раководство на:  Д-р Назим Куртовиќ,  проф. д-р Јован Јовановски  и  тренер- демонстратор Сања Влаисављевиќ (слики испод)

gimnastika-9

gimnastika-10

Гимнастичката секција при ШКК Вардар од Скопје е лоцирана во строгиот центар на Скопје во деловната зграда на катната гаража Разловечко востание наспроти ГТЦ и ТЦ Соравија.

soravija-trening-centar

gimnastika-11

Уписот ќе започне од 2,12,2016 во 19.00 во просториите на клубот. Часовите ќе се одржуваат во деновите:

1 група: понеделник и петок 19-20 часот и

2 група: сабота 10-11 часот  и недела 12-13 часот.

 Контакт тел: 070-262-307. Во наредниот период се планира секцијата да се прошири и да се организираат часови по рекреативна гимнастика  за возрасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON