Македонските каратисти во сабота ќе се борат за подобар пласман во Карате 1 Премиер лигата. Ова коло од Лигата ќе се одржи во Ханау, Германија.
Ова е прилика дел од нашите каратисти да ги подобрат изгледите за освојување на медал во конечниот пласман.
Во претходното коло ката тимот на КК Ронин од Прилеп го освои бронзениот медал.
За Германија отпатуваа Жарко Арсовски, Симон Антиќ, Симона Заборска, Сара Радическа, Наташа и Моника Стефановски од КК Макпетрол; Иво Цветковски, Огнен Груевски, Ико Ташов и Мартин Несторов од КК Металург; Енес Смаилагиќ од КК Цветан Димов, Дејан Црничиќ-КК Кеикс, Берат Јаупи-КК Фати, Шабан Мурати-КК Струга, како и ката тимот на КК Ронин-Марија и Мишела Димоски и Поликсенија Јованоска.