Самбо репрезентацијата со нови успеси на Европското првенство во кураш во Аминдео, Грција, освои 5 медали – 1 злато, 1 сребрен и 3 бронзени.
Медалите ги освоија:
100 кг Семир Авдиќ – сребрен – сениори
60 кг Петар Пертов – бронзен – кадети
90 кг Албер Реџиќ – бронза – сениори
+100 кг Ернес Реџиќ – злато јуниори, бронза сениори
На ЕП настапија натпреварувачи од 20 држави.
Да потсетиме дека на неодмана завршеното Светско првенство за сениори во Ташкент-Узбекистан, Далибор Богдановц го освои петтото место. Беше многу близу до освојување на бронзениот медал.
Селекторот Ердал Факиќ е задоволен од постигнатото и во иднина очекува поголеми успеси.