Нов успех на Дејан Георгиевски-сребро на „Дракула опен“, повредата го спречи да се бори за трето злато во низа

Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Меѓународниот таеквондо турнир Дракула опен во Букурешт, Романија од Г1 серијата. Георгиевски не освои трето злато во низа на Г1 турнирите бидејќи не се бореше во финалето поради повреда.

До финалето нашиот репрезентативец извојува три фуриозни победи.

Дејан Георгиевски – Полет Мануел (Белгија) 2-0 во рунди

Дејан Георгиевски – Харбар Андриј (Украина) 2-0 во рунди

Дејан Георгиевски – Емре Кталмиш (Турција) 2-0 во рунди

Тренерот на Дејан, Дарко Костосвки дека Кталмиш е еден од најдобрите теквондисти на планетата и претендент за златен медал на Олимписките игри во Париз.

„Речиси цели две рунди Деки се бореше со повредена дланката“, истакнува Костовски на Фејсбук и нагласи:

„Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни од блиску не е забележан откако Македонија е самостојна држава. За само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои 4 медали – 2 златни и 2 сребрени. Оваа државна вредност, иако покрај сите можни директни закочувања од надлежните, оди спрема нова, уште посветла државна историја, со која не знам на кој начин ќе се справат тие што свесно запираат, поточно си играат со жива лава“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON