Нов рекорд на Конор Мек Грегор: И ако изгуби од Каубојот ќе ја заработи најголемата сума досега

Конор Мек Грегор ќе заработи најголемиот износ досега за неговата повратничка борба во УФЦ по повеќе од една година пауза. Поранешниот двократен шампион следниот викенд ќе ја бара првата победа по повеќе од три години против Доналд Цероне на УФЦ 246 во Лас Вегас.

УФЦ ги распродаде билети за големиот настан веднаш штом излегоа во продажба и на нив веќе заработи десетина милиони долари, што покажува дека Мек Грегор е сè уште најголемата мамка за публиката и не е изненадување што Ирецот повторно ќе стави во џебот рекорден износ.

Според американските и британските медиуми, Мек Грегор ќе добие сигурни 5 милиони долари за борбата против Цероне, а таа сума е без потенцијалните бонуси и заработката од спонзорите. Тоа е нов рекорд за Конор откако имаше загарантирано 3 милиони долари во последните три настапи против Хабиб Нурмагомедов, Нејт Дијаз и Еди Алварез. Се проценува дека Мек Грегор заработил во текот на кариерата во УФЦ само од настапите околу 12 милиони долари.

Сепак, заработката на Мек Грегор ќе биде многу поголема дури и во случај на пораз, откако ќе се пресметаат парите од спонзорство и дел од колачот од продажбата на ППГ. Се верува дека по поразот од Хабиб заработил повеќе од 30 милиони долари.

Доналд Цероне, кој против Мек Грегор ја бара првата победа по двата последователни порази, ќе добие загарантирани 2 милиони долари, што е најголем износ во кариерата и за Каубојот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON