Нов предизвик за џиу џицу репрезентацијата „Бања Лука челинџ“

Македонските џиу џицу репрезентативци не застануваат по успехот на Балканското првенство во Романија, каде што  освоија 3 медали – 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен, викендов настапуваат на Меѓународниот турнир „Бања Лука челинџ“ што ќе се одржи утре.

Вусшност, ова е уште еден контролен турнир, предпоследен, пред Светското првенство на 28 октомври на Крит во Грција, а потоа следува и настапот во Сараево.

Боите на Македонија во Бања Лука ќе ги барнат:

Катерина Ацевска сениори +70 кг
Марија Треневска У16 +63 кг
Зоран Колевски У18 -62 кг
Антонио Стојчески У18 -69 кг
Јаким Колевски У18 -69 к.г

Во судискиот дел Mакедонија ќе ја претставува Ицо Колевски.

На турнирот ќе настапат натпреварувачи од 9 држави со околу 500 борци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON