Викендов македонските кик бокс тимови ќе настапат на ВАКО Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ во Сараево, Босна и Херцеговина.
Нашата земја ќе настапи со 89 натпреварувачи со 93 влезови од 19 македонски кикбокс клубови. Тимовите ќе ги предводи претседателот на Кик бокс маитаи федерација на Македонија Дејан Митровски-Урко со одбрана тренерската екипа составена од 23 тренери, а на овој куп ќе судат и нашите меѓународни судии Неделковска, Бубески и Симјановски.
На овој исклучително квалитетен европски кикбокс куп учество ќе земат 801 кикбоксери со 938 натпреварувачки влезови од 181 клуб од 20 држави.
Во склоп на Европскиот куп ќе се одржи и Куп за деца и помлади кадети „Сараево Гранд при опен куп 2025” на кој ќе настапат 14 наши млади спортисти од 7 клубови. На купот учество ќе земат 189 младинци со 211 влезови од 58 клубови од 9 држави.
„Како и на сите меѓународни купови и првенства на кои сме учествувале претходно и на овој куп очекувам македонска кик бокс жетва на медали. Овој куп е еден од куповите на кои се врши рангирање на спортистите за претстојните официјални првенства и секако е исклучителна можност за стекнување меѓународно искуство и одмерување на силите на нашите кикбоксери со европските противници. Спортистите се подготвени и ќе атакуваме на медали во сите дисциплини и категории. Им посакувам среќа и успех на сите учесници, а за медалите тековно ќе ве информираме” – изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кик бокс маитаи ферација на Македонија.