Вечерва во трговскиот центар „Веро –Џамбо“ по 18 пат се одржа „Ноќта на боречки вештини“ во организација на Кик боксинг федерацијата на Македонија, а по повод денот на ослободувањето на Скопје „13 Ноември“.
Претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија, Дејан Митровски, рече дека настанот традиционално се одржува 18 години во соработка со град Скопје.
Со учеството на неколку национални федерации и преставување на нивните спортови целта е да се даде поттик намладите да се запознаат повеќе со секоја боречка вештина, за да се тргнат од улицата, но и од модерните зависности – седењето пред копмпјутерите и памтените телефони.
На присутните посетители и се претставија спортистите од кик бокс, карате, бокс, борење, бразилско џиу џицу, кендо, реален аикидо, самбо, џудо.
Меѓу демонстраторите имаше актуелни носители на медали од светските и европските првенства. Сите уживаа во вештините на нашите спортисти во боречките вештини кои се најтрофејните македонски спортови на сите времиња.
Ipon.mk/В.Д.