На денешен ден во 1978 година легендарниот Мате Парлов стана светски шампион во бокс.
Борбата се одржа во Милано, парлов во деветата рунда со одличен лев директ го нокаутира актуелниот шампион Аргентинецот Мигел Анхел Куељо и така ја фрли Југославија во транс. Тоа беше историски момент за југословенскиот бокс и спорт.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=29&v=CeRvU5fTf6w
Мате Парлов никогаш не бил обичен боксер. Ниту спортист. Мате Парлов беше многу повеќе. Уште за животот беше мит, легенда. Беше прекрасен спортист, најсилниот човек на светот, а во исто време човек од народот, поет, боем, поесебен и помалку ексцентричен, човек кој го сакаше животот. Затоа масите го обожуваа и нема да се погрешиме ако речеме дека Мате беше најпопуларниот спортист на Југославија.
Како боксер, беше најдобар во светот. На врвот од својата кариера беше непобедлив. Буквално. Како уличен борец – никогаш не се докажал. Оние, кои се занимаваа со боречки вештини, знаеја дека нема да издржат ни секунда со шампионот, а оние кои го предизвикуваа… Од нив со насмевка ја вртеше главата.
„Мислев дека куќа може да падне врз мене, и ништо да не ми биде, кога бев помлад. Бев темпераментен, сакав да ги решавам работите со сила. Се додека 1970 година не бев поразен, ме нокаутира еден Германец. По тој пораз се приземјив. Сфатив: не е помалку важно да се знае повлекувањето од ударачкото знаење. Тогаш ја стекнав стрпливоста, знаев да чекам и да удирам кога треба. Ова беше единствениот нокаут што го доживеа во кариерата. По него станав и шампион. Станав непобедлив“, рече Парлов во едно интервју.
Мате Парлов е роден во 1948 година во Сплит. Почина во Пула пред 11 години. Според стручњаците, беше најдобриот југословенски боксер во историјата, и еден од најдоминантните борци во светот.
Како аматер, имаше 310 мечеви, а поразен е (на бодови) само 12 пати. Го доживеа тој нокаут што му го промени животот. Беше шампион на Југославија во полутешка категорија осум пати (1967-1974.), пет пати шампион на Балканот (1971-1974.), два пати европски шампион (1971 и 1973) и светски шампион, во Куба во 1974 година. Беше олимпискиот победник во 1972 година во Минхен. Во финалето нокаутира Кубанец. Кој знае за бокс, знае што значи ова.