Mаи таи натпреварувањата секогаш носaт возбудливи сцени за сите оние кои се вистински љубители на боречките вештини, а спектакуларниот нокаут на досега анонимниот Дејан Росо со право привлече големо внимание и стана вистински хит на „Јут Тјуб“.
Хрватскиот борец, кој работи и живее во Австралија, настапи на маи таи турнирот „Eruption 11“, кој го организирала агенцијата „Професи промоушн“, а на мечот против Даниел Васаваг покажа дел од својот талент. Росо со кружен удар со левата нога го покоси Васаваг, затоа не е изненадување што токму овој удар полека почнаа да го прогласуваат за нокаут на годината.
https://youtu.be/y9IS_cGbh_4