Нокаутот на годината го има Чежевска – ја патосира противничката (ВИДЕО)

Љубителите на боречките спортови можеби очекуваа признанието за „нокаут на годината 2024“ да замине во рацете на некое жестоко момче, но тоа нема да биде случај.

Ударот што ја одбележа годината што измина сепак беше дело на една дама, која блесна во сиот свој сјај во октагонот. Викторија Чежевска е името на полската борачка која блесна на КСВ 97 спектаклот што се одржа во полскиот град Тарнов.

Таа за противничка ја имаше Еријана Кастенада, борбата не траеше долга, откако Чежевска најпрвин испрати удар со раката, а потоа со „хај кик“ со ногата ја патосираше ривалката.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО