Ништо од големото враќање на Оскар де ла Хоја, подобро му е во пензија!

oskar so zabi

Боксерската легенда, Оскар де ла Хоја и го расипа ќеифот на љубителите на боксот, бидејќи одлучи да остане во пензија, откако минатата недела јавно ја искажа својата желба за нова борба против актуелниот шампион Флојд Мејведер.

„Како професионален спортист и некој кој целата кариера ја мина во боксот, ниту еден ден не поминува, а да не помислам на боксот. Сепак, во пензија сум, и по разговорите со семејството и долго размислување одлучив да останам во пензија”, изјави Хоја.

Поранешниот светски шампион кариерата ја заврши во 2008 година, по поразот од Мани Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON