Ништо од борбата со Миочиќ, Џонс ќе ја брани титулата против Сантос

Барем засега, нема да биде ништо од пресметката на Џон Џонсон и Стипе Миочиќ.

Имено, ЕСПН објави дека Џон Џонс (24-1-1НЦ, 18-1-1 УФЦ) во лседниот меч ќе ја брани титулата на УФЦ во полутешка категорија против Тијаго Сантос (21-6 ММА, 13-5 УФЦ).

Борбата ќе се одржи на 6 јули на УФЦ 39 во Лас Вегас.

35-годишниот Бразилец е 3-0 по подигањето во полутешка категорија. Сите три победи – против Ерика Андерс, Џими Манува и Јан Блашовиц ги оставри со нокаут.

31-годишниот Џонс во првата одбрана на повторно освоената титула во категоријата до 93 килограми на почетокот на месецот со едногласна одлука на судиите го победи Ентони Смит.

На настанот ќе се одржи уште една битка за појасот.

Шампионката во две категории Аманда Нунеш (17-4, 10-1 УФЦ) ќе ја брани титулата во бантам против поранешната шампионка Холи Холм (12-4, 5-3 УФЦ).

https://www.youtube.com/watch?v=IVpJCsDWxZ4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON